Просмотр инструкции хлебопечки Gorenje BM900WII, страница 38
38
MK
Важни безбедносни упатства
Пред употреба на апаратот детално прочитајте ги упатствата за употреба.
1. Чувајте ги упатствата, потврдата за гаранција, потврдата за уплатата и ако е можно, и
амбалажата.
2. Апаратот е наменет исклучиво за приватна употреба!
3. Секогаш извадите го втакнувачот од приклучницата кога апаратот не го употребувате, кога
наместувате додатни делови, кога апаратот го чистите и при какви било други пречки.
Пред тоа исклучите го апаратот. Секогаш повлечете го втакнувачот, а не кабелот.
4. Да би ги заштитила децата од опасности од електрични апарати, никогаш не оставајте ги
без надзор во близина на апаратот. Затоа апаратот наместите го така да деца немаат
достап. Секогаш уверите се дека кабелот не виси надолу.
5. Редовно проверувајте го апаратот и кабелот да не се оштетени. Ако откриете какво било
оштетување, апаратот не употребувајте го.
6. Апаратот не поправајте го сами, туку однесете го кај овластен стручњак.
7. Заради безбедност мора расипан или оштетен втакнувач одделение за сервис или друго
овластено лице да го замени со еднаков втакнувач.
8. Апаратот и кабелот не наместувајте ги во близина на топлина, директна сончева
светлина, влага, остри рабови и слично. Кабелот да не дојде во контакт со жежок апарат.
9. Апаратот никогаш не употребувајте го ненадзирано. Кога апаратот не го употребувате,
секогаш исклучите го, иако само за момент.
10. Употребувајте само оригинални додатни делови.
11. Апаратот не употребувајте го на отворено.
12. Во никој случај апаратот не смеете да го ставите во вода или друга течност, ниту не смее
да дојде во контакт со течност. Апаратот не ставајте го на мокра подлога! Апаратот не
допирајте го со влажни или водени раце!
13. Ако апаратот дојде во контакт со вода, веднаш извлечетего втакнувачот од
приклучницата. Не допирајте ја водата.
14. Апаратот употребувајте го само за намени, означени на апаратот.
15. Не употребувајте го апаратот со оштетен приклучок.
16. Не допирајте делови на апаратот кои се движат или вртат.
17. Апаратот наместите го на рамна подлога. Од ѕидот да биде оддалечен најмалку 5 cm.
18. При чистење не употребувајте агресивни средства за чистење.
19. Приклучокот за гнетење исчистите го веднаш по употреба.
20. Не допирајте ги жешките површини. Употребите рачки или дршки.
21. Овој апарат можат да го користат деца кои веќе наполниле 8 години, лица
со намалени физички, сетилни или ментални способности како и лица кои
немаат доволно искуство и знаење ако се под надзор или биле обучени
како да го користат апаратот на безбеден начин и ги разбрале
опасностите кои можат да се појават. Децата мора постојано да се под
надзор за да се осигурате дека тие не си играат со апаратот.
22. Чистењето и корисничкото одржувањето не треба да го изведуваат деца
кои не наполниле 8 години и кои не се под надзор.
23. Ако сакате садот за печење да го извадите од апаратот, не удирајте по него или по
неговите рабови, бидејќи тоа може да го оштети.
24. Во апаратот не ставајте алуминиумски фолии или други материјали, бидејќи тоа може да
го повиши ризикот од настанување пожар или краток спој.
25. Апаратот никогаш не покривајте го со крпа или слични материјали, бидејќи со тоа на
топлината и парата им оневозможувате слободен премин од апаратот. Ако е апаратот
покриен или дојде до контакт со запалив материјал, може да дојде до пожар.
26. Апаратот не приклучувајте го на надворешен временски прекинувач или систем за
далечинско управување, да не предизвикате опасност.
27. Ниво на бука: Lc < 68 dB (A)
Ваш отзыв будет первым