Просмотр инструкции машинки для стрижки Philips QP2522, страница 258
Индикатор за полнење на батерија QP2522, QP2521,
QP2520:
На состојбата на батеријата се укажува преку
работењето на уредот. Кога уредот почнува да
работи побавно, батеријата е речиси празна и
треба да се наполни за да има оптимална работа.
Полнење со адаптерот
1 Внесете го малиот приклучок во уредот и
ставете го адаптерот во ѕидниот приклучок.
2 само за QP2522, QP2521, QP2520: Индикаторот
за полнењето на батеријата на адаптерот се
пали постојано кога уредот е поврзан на
електричната мрежа.
3 По полнењето, отстранете го адаптерот од
ѕидниот приклучок и исклучете го малиот
приклучок од уредот.
Користење на уредот
Можете да го користите уредот за потстрижување,
поткастрување на рабови и бричење на влакна од
лицето (брада, мустаќи и бакенбарди). Бричете за
да добиете мазен резултат, поткаструвајте за да
добиете определена должина и поткаструвајте
рабови за да создадете совршени рабови и остри
линии. Овој уред не е наменет за бричење,
поткастрување рабови или потстрижување влакна
на подолните делови на телото или на скалпот. Не
брзајте кога ќе почнете да го користите уредот
првпат. Потребно е да се навикнете на работата со
уредот.
258
Македонски
Ваш отзыв будет первым