Бесплатные инструкции на русском языке
  • Тип техники
  • Бренд

Просмотр инструкции газонокосилки Al-ko 154, страница 366

Al-ko
mk
Монтажа
366 142 / 154
МОНТАЖА
ИЗВЕСТУВАЊЕ!
Уредот смее да се користи само по
комплетната монтажа.
Монтирање на заштитниот капак
види cлика 3
1 Моторната коса поставете ја така што
работното вратило покажува надолу.
2 Цевката на вратилото и заштитникот (1)
турнете ги по должина на долната страна
на цевката на оската во правилна позиција
(со удар на аглестиот преносник).
3 Положете ја цевката на вратилото со
заштитникот.
4 Делот за зацврстување (2) најпрво
зацврстете го со завртка 5 x 20 mm низ
отворот (a) на штитникот.
5 Потоа втората завртка 5 x 20 mm лесно
навртете ја низ отворот (b).
ADVICE
Делот за зацврстување (2) во
внатрешноста кај отворот (a) има
зголемување. Поради тоа првата
завртка може веднаш да се зацврсти
низ отворот (a) на блокот, без
поврзувањето да биде косо.
види cлика 4
1 Моторната коса поставете ја така што
работното вратило покажува нагоре.
2 Со двете завртки 5 x 35 mm низ отворите
на потпорната плоча на аглестиот
преносник зацврстете го заштитникот
и делот за зацврстување. Евентуално
претходно коригирајте ја положбата на
штитникот. Отворите мора да се наоѓаат
точно еден над друг.
3 На крајот затегнете ја завртката во
отворот (b).
Монтирање на ножот
види cлика 5
1 Моторната коса поставете ја така што
работното вратило покажува нагоре.
2 Поставете го сечилото (5) на притисниот
елемент (1).
ADVICE
За центрирање на сечилото,
издигнувањето на делот за притисок
мора да биде точно во отворот на
сечилото.
3 Монтирајте ја подлошката за притисок (2).
4 Поставете ја контролата на брзината (3) и
навртете ја безбедносната навртка (4) на
вратилото.
ADVICE
Внимание - леви навои - затегнете
ги спротивно од стрелките на
часовникот!
Притоа внимавајте сите делови да
бидат центрирани!
5 Блокирајте го вратилото со помошна игла
(6) и зацврстете ја навртката (4)
ИЗВЕСТУВАЊЕ!
Во случај кога безбедносната навртка
(4) поради честото разлабавување
и затегнување станала мазна,
задолжително мора да се замени!
Контролирајте ја цврстата и центрираната
положба на сечилото.
Монтирање глава за конец
види cлика 8
Ваш отзыв будет первым
Задайте вопрос
Ваше имя
E-mail
Вопрос*
Ваш вопрос будет опубликован после проверки
Ваш вопрос опубликован