Бесплатные инструкции на русском языке
  • Тип техники
  • Бренд

Просмотр инструкции газонокосилки Al-ko 4705 E, страница 263

Al-ko
Операција
469494_b 263
Вклучување на моторот
Косилката за трева мора да се стартува на
рамна површина, а не во високата трева. На
подлогата не смее да има страни тела, како на
пр. камења. Не кревајте ја и не навалувајте ја
косилката за трева за да ја стартувате.
1. Држете го притиснато копчето за
стартување, од комбинираниот дел со
прекинувач-приклучок. (8, 8а, 8б, 8в)
2. Повлечете го безбедносниот држач / рачка
кон рачката од косилката и држете цврсто.
(8, 8а, 8б, 8в)
3. Отпуштете го копчето за стартување.
Исклучување на моторот
1. Отпуштете го безбедносниот држач /
рачка.
2. Почекајте ножот да застане.
Погон на тркалата (по избор)
ИЗВЕСТУВАЊЕ!
Приклучувајте го преносот само кога
моторот работи.
Вклучување на погонот на тркалата
1. Притиснете ја рачката за вклучување на
преносот кон горната рачка и држете ја -
рачката за вклучување на преносот не се
вклопува. (9)
Погонот на тркалата се вклучува.
Исклучување на погонот на тркалата
1. Отпуштете ја рачката за вклучување на
преносот. (9)
Погонот на тркалата се исклучува.
НАПОМЕНА ЗА РАБОТА
ADVICE
Придржувајте се кон локалните
прописи за работење со косилки за
трева.
Отстранете ги сите страни тела од
површината пред да почнете со косењето
Држете трети лица вон опасното подрачје
Косете само при добра видливост
Водете го уредот само со брзина на
чекорење.
Косете само со остри ножеви
Не косете преку пречки (на пр. гранки,
корења од дрвја).
Кај коси терени секогаш косете попречно
на косината. Не користете ја косилката за
трева на нагорнини или надолнини или на
косини поголеми од 20 °
Бидете особено внимателни кога на
косини ја менувате насоката на работа
Корисни совети за косењето
Започнете со косењето по можност
поблиску до приклучокот за струја.
Водете го продолжниот кабел секогаш по
веќе искосената површина.
Висината на косењето треба да биде
рамномерно 3-5 cm, не повеќе од
половината на висината на тревата.
Не преоптоварувајте ја косилката за
трева! Доколку бројот на вртежите на
моторот опадне забележително поради
висока, тешка трева, зголемете ја висина
на косење и косете повеќепати.
Косете во утринските или подоцнежните
попладневни часови за да го заштитите
свежо искосениот тревник од исушување.
Во текот на фазите на силен раст, косете
двапати неделно. Во сушни периоди
соодветно поретко.
Расфрлување на тревата со специјален
додаток (по избор)
При расфрлувањето на тревата, откосот
не се собира, туку останува на тревникот.
Слојот од расфрлена трева ја штити земјата
од исушување и г снабдува со хранливи
материи. Најдобри резултати се постигнуваат
со редовно повторно косење за по околу 2 cm.
Само младата трева со меко ткиво се распаѓа
брзо.
Висина на тревата пред расфрлувањето:
максимум 8 cm
Висина на тревата по расфрлувањето:
минимум 4 cm
ADVICE
Прилагодете ја брзината на чекорење
кон расфрлувањето, не одете
пребрзо.
Ваш отзыв будет первым
Задайте вопрос
Ваше имя
E-mail
Вопрос*
Ваш вопрос будет опубликован после проверки
Ваш вопрос опубликован