Бесплатные инструкции на русском языке
  • Тип техники
  • Бренд

Просмотр инструкции измерительного прибора Bosch PLL 2, страница 124

Bosch
124 | Македонски
1 609 92A 26E | (2.12.15) Bosch Power Tools
Доколку околу 30 мин. не се притисне ниедно копче на мерниот уред,
тој се исклучува автоматски заради заштита на батериите.
Автоматика за нивелирање (види слики E – F)
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога,
прицврстете го на стативот 12.
Изберете еден од начините на работа со автоматиката за нивелирање.
По вклучувањето, автоматиката за нивелирање автоматски ги
израмнува нерамнините во полето на самонивелирање од ±4 °.
Нивелирањето е завршено штом ласерските линии не се движат
повеќе. Начинот на работа ќе се прикаже на екранот.
Доколку автоматското нивелирање не е возможно, напр. бидејќи
површината на која е поставен мерниот уред 4 ° отстапува од
вертикалата, приказот трепка на екранот 4 и ласерот автоматски се
исклучува (види слика F). Во ваков случај, поставете го мерниот уред
хоризонтално и почекајте го самонивелирањето. Веднаш штом се
најде мерниот уред во полето на самонивелирање од ±4 °, свети
приказот на начинот на работа 4 и ласерот ќе се вклучи.
Надвор од полето на самонивелирање од ±4 °, работењето со
автоматиката за самонивелирање не е возможно, бидејќи не може да
се гарантира дека ласерските линии ќе бидат поставени една кон
друга во прав агол.
При вибрации или промена на положбата за време на работата,
мерниот уред повторно се нивелира автоматски. По повторното
нивелирање, проверете ја позицијата на ласерската линија во однос
на референтните точки, за да се избегнат грешки.
Функција за нагиб со приказ на аголот
Во овој начин на работа, мерниот уред емитира една хоризонтална
или две вкрстени ласерски линии, кои може слободно да се
центрираат. Аголот на нагиб ќе се прикаже на екранот.
Центрирање со целна табла (види слика G)
За да се овозможи совпаѓање на аголот на нагиб на екранот со
проектираната ласерска линија на ѕидот, мерниот уред мора да се
калибрира со целната табла. Поставете ја целната табла на ѕидот.
Изберете го режимот на вкрстени линии или вертикалниот режим на
начинот на работа автоматика на нивелирање. Осигурете се дека
OBJ_BUCH-2142-005.book Page 124 Wednesday, December 2, 2015 11:25 AM
Ваш отзыв будет первым
Задайте вопрос
Ваше имя
E-mail
Вопрос*
Ваш вопрос будет опубликован после проверки
Ваш вопрос опубликован

Смотрите также другие инструкции раздела Измерительные приборы