Бесплатные инструкции на русском языке
  • Тип техники
  • Бренд

Просмотр инструкции измерительного прибора Bosch PLR 25 0603016220, страница 92

Bosch
92 | Македонски
1 609 92A 0K0 | (13.6.14) Bosch Power Tools
Притиснете на копчето Мерење 9 за да го
активирате мерниот процес. Движете го мерниот
уред додека не се прикаже бараното растојание
долу на екранот.
Со притискање на копчето Мерење 9 се
прекинува континуираното мерење. Актуелната
измерена вредност ќе се прикаже на екранот. Со одново притискање на
копчето Мерење 9 континуираното мерење започнува од почеток.
Континуираното мерење автоматски се вклучува по 5 мин. Последната
измерена вредност ќе се прикаже на екранот. За претходно завршување на
континуираното мерење, може да ја промените мерната функција со
притискање на копчето 6, 5 или 10.
Бришење на измерените вредности
Со кратко притискање на копчето 1 може да ги избришете последно
соопштените поединечни измерени вредности во сите мерни функции. Со
повеќекратно притискање на копчето ќе се избришат поединечните
измерени вредности по обратен редослед.
Функции на меморијата
При исклучување на мерниот уред, останува зачуваната вредност во
меморијата.
Меморирање/собирање на измерените вредности
Притиснете го копчето за собирање во
меморијата 4, за да ја зачувате актуелната
измерена вредност – во зависност од актуелната
функција на мерење одн. вредноста на
должините, површините или волуменот. Штом ќе
се зачува вредноста, на екранот се појавува „M“,
а зад него кратко трепка „+“.
Доколку во меморијата веќе постои некоја вредност, новата вредност ќе се
додаде во содржината на меморијата, само доколку мерните единици се
ускладени.
Доколку на пр. во меморијата има вредност на површина, а моменталната
измерена вредност е вредност на волумен, соборањето не може да се
изврши. На екранот кратко трепнува „Error“.
Одземање на измерени вредности
Притиснете на копчето за одземање во меморијата 3, за да ја одземете
актуелната измерена вредност од меморираната вредност. Штом ќе се
одземе некоја вредност, на екранот се појавува „M“, а зад него кратко
трепка „–.
Доколку во меморијата веќе е зачувана некоја вредност, новата вредност
ќе се одземе, само доколку мерните единици се ускладени (види
„Зачувување/собирање на измерени вредности“).
Прикажување на меморираната вредност
Притиснете на копчето за повикување на
меморијата 11, за да се прикажат вредностите
коишто се наоѓаат во меморијата. На екранот се
појавува „M=“. Доколку содржината на
меморијата „M=“ се појави на екранот, тогаш со
притискање на копчето за собирање во
меморијата 4 може да ги удвоите одн. со
притискање на копчето за одземање во
меморијата 3 да ги сведете на нула.
OBJ_BUCH-1006-003.book Page 92 Friday, June 13, 2014 9:03 AM
Ваш отзыв будет первым
Задайте вопрос
Ваше имя
E-mail
Вопрос*
Ваш вопрос будет опубликован после проверки
Ваш вопрос опубликован

Смотрите также другие инструкции раздела Измерительные приборы