Бесплатные инструкции на русском языке
  • Тип техники
  • Бренд

Просмотр инструкции холодильника Electrolux ERB 40605 X, страница 74

Electrolux
проврива, и филтрираната вода со
BRITA треба да се проврива. Кога
упатството да се проврива водата ќе
престане да важи, целиот систем за
филтрирање треба да се исчисти и да
се стави нов патрон.
Повеќе информации за користењето на
патроните со филтер BRITA и Memo
може да се најдат во информативниот
водич на BRITA.
Нови филтри BRITA и Memo може да
купите преку продажната мрежа на
Electrolux или BRITA.
Нега и чистење
ВНИМАНИЕ Исклучете го апаратот
од струја пред да вршите каква било
постапка за одржување.
Апаратот содржи јагленохидрати во
уредот за ладење; одржувањето и
повторното полнење може да ги
вршат само овластени техничари.
Периодично чистење
Опремата треба да се чисти редовно:
измијте ги внатрешноста и додатоците
со млака вода со малку неутрална
сапуница.
редовно проверувајте ги заптивките на
вратата и бришете ги за да бидат
чисти и без нечистотии.
избришете и исушете целосно.
ВАЖНО Не влечете ги, не поместувајте
ги и не оштетувајте ги цевките и каблите
во фрижидерот.
Не користете детергенти, груби
прашоци, многу парфимирани средства
за чистење или восок за полирање за
чистење на внатрешноста, бидејќи така
може да се оштетат површините и да
остане силен мирис.
Чистете ги кондензаторот (црната
решетка) и компресорот од задната
страна на апаратот со четка или
правосмукалка. Со тоа се подобрува
работењето на апаратот и се штеди
електрична енергија.
ВАЖНО Внимавајте да не го оштетите
системот за ладење.
Многу средства за чистење кујнски
површини содржат хемикалии што може
да ја нагризат или оштетат пластиката на
апаратот. Поради тоа, се препорачува
надворешноста на апаратот да се чисти
само со топла вода со малку течност за
миење.
По чистењето, приклучете ја повторно
опремата во електричната мрежа.
Одмрзнување на фрижидерот
Мразот автоматски се отстранува од
испарувачот во фрижидерската
преграда секогаш кога моторниот
компресор ќе престане да работи во
текот на вообичаената употреба. Водата
од одмрзнувањето истекува во посебен
сад од задната страна на апаратот, над
моторниот компресор, од кој што
испарува.
Важно е повремено да се исчисти
дупчето за истекување на водата од
одмрзнувањето на средината на каналот
во фрижидерската преграда за да се
спречи прелевање на водата и нејзино
капење врз храната внатре. Користете го
приложениот специјален чистач, што ќе
го најдете веќе вметнат во дупчето за
истекување.
74 electrolux
Ваш отзыв будет первым
Задайте вопрос
Ваше имя
E-mail
Вопрос*
Ваш вопрос будет опубликован после проверки
Ваш вопрос опубликован