Бесплатные инструкции на русском языке
  • Тип техники
  • Бренд

Просмотр инструкции холодильника Electrolux ENN 31650, страница 6

Electrolux
За да ги исклучите функциите,
притискајте го копчето за функции
повеќепати додека не ги снема иконите.
Регулирање на температурата
Температурата во апаратот се
контролира со регулаторот на
температура што се наоѓа на горниот
дел на апаратот.
Температурата на фрижидерската
комора може да се регулира со вртење
на регулаторот на температурата на
фрижидерот и може да
варира меѓу
повеќе или помалку од +2°C и +8°C.
Температурата на замрзнувачката
комора може да се регулира со вртење
на регулаторот на температурата на
заамрзнувачот и може да варира меѓу
повеќе или помалку од -15°C и -24°C.
Со вртење на регулаторот за
температура, екранот трепка и ја
прикажува саканата температура.
За правилно чување на храната треба
да се
постават следниве температури:
+5°C во фрижидерот
-18°C во замрзнувачот.
Откако ќе се постави саканата
температура, ако регулаторот за
температура не се сврти во рок од 5
секунди, ќе се прикаже температурата
на замрзнувачката комора.
За да работите со апаратот, постапете
на следниов начин:
свртете го регулаторот на
температурата надесно за да
постигнете максимално ладење;
свртете
го регулаторот на
температурата налево за да
постигнете минимално ладење.
Средната положба обично е најпогодна.
Меѓутоа, точната поставка треба да се
одбере имајќи предвид дека
температурата во внатрешноста на
апаратот зависи од:
собната температура
колку често се отвора вратата
количеството храна што се чува
местоположбата на апаратот.
Функција Shopping
Ако треба да ставите големо
количество храна, на пример откако сте
се вратиле од пазарење продукти,
предлагаме да ја активирате
функцијата Shopping за да ги изладите
продуктите побрзо и да избегнете
загревање на другата храна што е веќе
во фрижидерот.
Функцијата Shopping се активира со
притискање на функциското копче
(неколкупати, ако е потребно) додека
не се појави соодветната икона
.
Функцијата Shopping се исклучува
автоматски по околу 6 часа.
За време на функцијата Shopping
автоматски се активира и вентилаторот
во комората на фрижидерот.
ВАЖНО Вентилаторот во комората на
фрижидерот се активира автоматски и
кога собната температура е висока (над
32°C), дури иако функцијата Shopping
не е активна.
Функцијата може да се исклучи во секое
време со притискање на
функциското
копче (видете воМени со функции“).
Функција FreeStore
Функцијата се активира со притискање
на функциското копче (неколкупати, ако
е потребно) додека не се појави
соодветната икона .
Во таква ситуација вентилаторот
работи без престан.
Функцијата може да се исклучи кога
било со притискање на функциското
копче додека не ја снема иконата
.
ВАЖНО Ако функцијата се активира
автоматски, иконата FreeStore не се
прикажува (видете воСекојдневна
употреба“).
Активирањето на функцијата FreeStore
ја зголемува потрошувачката на
енергија.
Функција Action Freeze (Акциско
смрзнување)
За смрзнување свежа храна, ќе мора да
ја активирате функцијата Action Freeze.
Притиснете го функциското копче
(неколкупати, ако е потребно) додека
не се појави соодветната икона.
Ова функција се исклучува автоматски
по 52 часа.
Функцијата може да се исклучи во секое
време со притискање на функциското
копче (видете во "Мени со функции").
6 electrolux
Ваш отзыв будет первым
Задайте вопрос
Ваше имя
E-mail
Вопрос*
Ваш вопрос будет опубликован после проверки
Ваш вопрос опубликован