Бесплатные инструкции на русском языке
  • Тип техники
  • Бренд

Просмотр инструкции холодильника Electrolux ENN 31650, страница 7

Electrolux
Аларм за прекумерна температура
Зголемувањето на температурата во
комората за замрзнување (на пример,
поради снемување струја) се покажува
со:
трепкање на температурата
трепкање на комората за
замрзнување (Показател на комората
за замрзнување/Тревожен показател
за отворена врата)
црвено осветлување на екранот
звучен сигнал
Кога повторно ќе се воспостават
нормални услови:
звучниот сигнал се
гаси
бројката на температурата
продолжува да трепка
осветлувањето на екранот останува
црвено.
Кога ќе го притиснете функциското
копче / прекинувачот за ресетирање на
алармот за да го исклучите алармот,
највисоката достигната температура во
комората се прикажува на показателот
неколку секунди.
Во тој момент, трепкањето престанува
и осветлувањето на екранот се менува
од црвено во бело.
Во фазата на тревожење, звучниот
сигнал може да се исклучи со
притискање на функциското копче /
прекинувачот за ресетирање на
алармот.
Осветлувањето на екранот останува
црвено додека не се вратат нормалните
услови за чување.
ПРВА УПОТРЕБА
Чистење на внатрешноста
Пред првото користење на апаратот,
измијте ја внатрешноста и сите
внатрешни додатоци со млака вода и
малку неутрален сапун за да се
отстрани карактеристичниот мирис на
новите производи, па исушете го
темелно.
ВАЖНО Не користете детергенти или
груби прашоци, тие може да ја оштетат
политурата.
СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
Замрзнување на свежа храна
Одделот за замрзнување е погоден за
замрзнување на свежа храна и за
долгорочно чување на замрзната и
длабоко замрзната храна.
за да замрзнете свежа храна,
активирајте ја функцијата Action Freeze
најмалку 24 часа пред да ја ставите
храната во замрзнувачот.
Ставете ја свежата храна за мрзнење
во горната фиока бидејќи тоа е
најстуденото
место.
Максималната количина на храна која
може да се замрзне за 24 часа е
наведена на плочката со технички
спецификации, етикета која се наоѓа
во внатрешноста на апаратот.
Замрзнувањето трае 24 часа: во текот
на овој период не треба да додавате
друга храна за замрзнување.
Чување смрзната храна
По првото вклучување или по извесен
период некористење, пред
да ставите
производи во комората, оставете
апаратот да работи барем 12 часа на
најголемата поставка за Action Freeze.
Ако треба да се чуваат поголеми
количества храна, извадете ги сите
фиоки од апаратот и ставете ја храната
на стаклената полица за да добиете
најдобри резултати.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Внимавајте
храната да не го надмине
граничникот за полнење што се
наоѓа горе отстрана (каде што го
има)
electrolux 7
Ваш отзыв будет первым
Задайте вопрос
Ваше имя
E-mail
Вопрос*
Ваш вопрос будет опубликован после проверки
Ваш вопрос опубликован