Просмотр инструкции эл. водонагревателя Gorenje OTG80SLB6, страница 37
37
Приклучни и монтажни димензии на бојлерот [мм]
ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА МРЕЖА
Доведувањето и одведувањето на водата се означени со боја. Доведувањето на ладна вода е
означено со модра боја, а одведувањето на топлата вода со црвена боја.
Бојлерот можете да го приклучите кон водоводната мрежа на два начина. Затворениот систем
на приклучување (под притисок) ви омозможува одзем на вода на повеќе места. Отворениот
систем на приклучување (проточен) ви дозволува само едно одземно места. Избраната
изведба на приклучувањето бара вградување на соодветна батерија за мешање. Отворениот
(проточен) систем на приклучување бара вградување на проточна мешална батерија.
Задолжително е вградувањето на неповртен вентил, кои го спречува празнењето на котелот
назад во водоводната мрежа, во случај на редукција на вода. Поради ширењето на водата при
греењето се зголемува волуменот, што предизвикува појава на капки вода на одливната цевка
на мешалната батерија. Јакото затегнување на вентилот на мешалната батерија нема да ја
спречи појавата на капки вода, но може да предизвика расипување на мешалната батерија.
Затворениот систем на приклучување, на одземните места бара вградување на мешална
батерија за работа под притисок. На доводната цевка поради безбедност на работењето
задолжително треба да се вгради сигурносен вентил или сигурносна група, која спречува
повишување на притисокот во котелот за повеќе од 0,1 МРа над nominalniot.
Поради ширењето на водата при греењето, во котелот се зголемува притисокот до онаа
граница која ја дозволува сигурносниот вентил. Бидејќи враќањето на водата назад во
водоводната мрежа е спречено, може да додје до појава на капки на вода од одводниот отвор
на сигурносниот вентил. Капките вода можете да ги одведете во одводот со помош на посебна
инка која ќе ја наместите под сиryryрносниот вентил. Одводната цевка наместена под испустот
на сиryryрносниот вентил мора да биде наместена во насока право надолу и во места каде
што не замрзува. Во случај ако поради несоодветно изведената инсталација немате можност
водата што капи од повратниот безбедносен вентил да ја спроведете во одводот, капењето
можете да го избегнете ако кај доводната цевка на грејачот вградите експанзионен сад со
волумен од З l.
За правилна работа на безбедносен вентил, самите вршите редовни контроли на секои 14
дена. При проверката треба со поместување на рачката или со одвртување на матицата
на вентилот (зависно од видот на вентилот) да го отворите истекувањето од повратниот
безбедносен вентил. При тоа, низ млазницата на вентилот за истекување треба да протече
вода, што е знак дена вентилот е беспрекорен.
MK
A B C
OTG 30 510 310 235
OTG 50 690 470 250
OTG 65 820 605 245
OTG 80 950 735 245
OTG 100 1125 900 255
OTG 120 1300 900 430
Ваш отзыв будет первым