Бесплатные инструкции на русском языке
  • Тип техники
  • Бренд

Просмотр инструкции эл. водонагревателя Gorenje OTG30SLB6, страница 39

Gorenje
39
ПРЕДУПРЕДУВА
ЊЕ : Пред секое посегнување во внатрешноста на бојлерот,
задолжително исклучете го доводот на електрична енергија.
УПОТРЕБА И ОДРЖУВАЊЕ
По вклучувањето на водоводна и електрична мрежа, греалката е подготвена за употреба.
Вртејќи го копчето на термостатот кое се наоѓа на предната страна на заштитниот капак,
изберете ја бараната температура на водата измеѓу 25 и 75 степени. Ви препорачуваме
регулација на копчето во положба “Е”. Таквата регулација е најштедлива; на тој начин
температурата на водата ќе биде приближно 55 степени, создавањето на варовник и
топлотната загуба пак ќе бидат помали отколку кај регулирањето на повисока температура.
Делувањето на електричната греалка го покажува контролната ламбичка. Греалките имаат
на ивицата вграден термометар кој ја покажува температурата на водата. Ако греалката не
ја употребувате подолго време, неговата содржина можете да ја заштитите од замрзнување
без да ја исклучувате струјата, поставајќи го копчето на термостатот во положба “*”. Притоа
греалката ќе ја одржува температурата на водата на приближно 10 степени. Ако греалката ја
исклучите од електрична мрежа морате да ја испразните за да ја заштитите од замрзнување.
Пред да се испушти водата, обавезно греачот мора да се исклучи од електричната мрежа.
Потоа ја отвораме славината на една од батеријата за топла вода којашто е приклучена на
греачот. Водата од греачот ја пуштаме низ цевката за довод. Во овој смисол ви препорачуваме
да вградите помеѓу сигурносниот вентил и доводната цевка соодветен вентил за испуст или
Т елемент. Доколку го немате ова монтирано, греачот можете да го испразните низ испустот
на сигурносниот вентил на тој начин, да го поставите лостот односно вртливата капа на
вентилот во положба како за тестирање на вентилот. По испустот на водата од греачот низ
цевката за довод, во греачот ќе ви остане мало количество на вода, коешто ќе го испразните
со одвртување на работ од греачот.
Надворешноста на греалката чистете ја со благ раствор од прашок за nepe~+e. He
употребувајте разредувачи и груби средства за чистење.
Со редовни сервисни прегледи ќе обезбедите беспрекорно делување и долг период на
употреба на грелката. Гаранцијата против рѓосување на котелот е важечка само доколку сте ги
изведувале пропишаните редовни прегледи за потрошеноста на заштитните аноди. Периодот
помеѓу два редовни прегледи не смее да биде подолго од 36 месеци. Прегледите мора да ги
изведе поовластен сервисер, којшто секој преглед ќе ви го забележи во гаранцискиот лист на
производот. Притоа треба да ја провери истрошеноста на анодата за заштита од корозија и ако
е потребно да го исчисти варовникот кој зависно од квалитетот, количината и температурата
на употребената вода се насобрал во внатрешноста на греалката.
Сервисната служба по прегледот на греалката за вода, зависно од состојбата, ќе ви ја
препорача следната контрола.
Ве молиме, евентуалните оштети на греалката да не ги поправате сами туку за тоа да го
повикате најблискиот овластен сервис.
MK
Ваш отзыв будет первым
Задайте вопрос
Ваше имя
E-mail
Вопрос*
Ваш вопрос будет опубликован после проверки
Ваш вопрос опубликован