Бесплатные инструкции на русском языке
  • Тип техники
  • Бренд

Просмотр инструкции эл. водонагревателя Gorenje OGB120SMB6, страница 17

Gorenje
17
ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА
Извршете го приклучувањето на водоводната мрежа според ознаките на цевките на
резервоарот за топла вода:
сина-доток на ладна вода (HV) и црвена-истек на топла вода (TV).
Приклучувањето на грејниот извор извршете го според ознаките на приклучоците за
преносниците за топлина од задната страна на резервоарот: црвена-влез на медиум
(VM), сина-излез на медиум (IM).
Дополнително во средината, помеѓу двата приклучока на преносникот на топлина,
може да се приклучи и циркулациски вод (CV).
Заради безбедност во работата на доточната цевка треба да се вгради сигурносен
вентил, кој го спречува зголемувањето на притисокот во котелот за повеќе од 0,1 МПа
над нормалниот. Истечниот отвор на сигурносниот вентил мора облигаторно да има
излез за атмосферски притисок. За правилно работење на безбедносниот вентил треба
самите периодично да вршите контроли. При проверката морате со придвижување на
полугата или одвивање на матицата на вентилот (зависно од типот на вентилот) да
го отворите истекот од сигурносниот вентил. Притоа низ отпусниот вентил мора да
протече вода, што е знак за тоа дека вентилот е исправен. При загревање на водата во
резервоарот за топла вода притисокот на водата во котелот се зголемува до границата,
која е нагодена во сигурносниот вентил. Со оглед на тоа што враќањето на водата
назад во водоводната мрежа е спречено, лесно доаѓа до капење од истечниот отвор
на сигурносниот вентил. Капките вода лесно можете да ги доведете во истекот преку
додаток за собирање, кој го поставувате по сигурносниот вентил. Истечната цевка,
поставена под испустот на сигурносниот вентил, мора да биде поставена во насока
право надолу и во средина, која не замрзнува.
Легенда:
1 – Повратен сигурносен вентил
2 – Пробен вентил
3 – Противповратен вентил
4 – Редукциски вентил за притисок
5 – Блокирачки вентил
6 – Пробен додаток
7 – Место со приклучок за истек
8 – Испусен вентил
HV – Доток на ладна вода
IM - Излез на медиум PT
CV – Циркулациски вод
VM – Влез на медиум PT
TV – Истек на топла вода
Резервоарот за топла вода можете да го приклучите на куќната водоводна мрежа без
редукциски вентил, доколку притисокот е понизок од 0,6 МПа.
Во спротивно потребно е да се вгради редукциски вентил за притисок, кој ќе
гарантира дека притисокот на дотокот во резервоарот за топла вода не го надминува
наведениот.
MK
Ваш отзыв будет первым
Задайте вопрос
Ваше имя
E-mail
Вопрос*
Ваш вопрос будет опубликован после проверки
Ваш вопрос опубликован