Просмотр инструкции эл. водонагревателя Gorenje OGB120SEDDSB6, страница 42
42
A B C
OGB 30 SEDD 510 310 235
OGB 50 SEDD 690 470 250
OGB 80 SEDD 950 735 245
OGB 100 SEDD 1125 900 255
OGB 120 SEDD 1300 900 430
Прикључни и монтажни димензии на греалкатот [mm]
ПРИКЛУЧУВАEЊЕ НА ВОДОВОДНА МРЕЖА
Доведувањето и одведувањето на водата се означени со боја. Доведувањето на ладна
вода е означено со модра боја, а одведувањето на топлата вода со црвена боја.
Бојлерот можете да го приклучите кон водоводната мрежа на два начина. Затворениот
систем на приклучување (под притисок) ви омозможува одзем на вода на повеќе места.
Отворениот систем на приклучување (проточен) ви дозволува само едно одземно
место. Избраната изведба на приклучувањето бара вградување на соодветна батерија
за мешање. Отворениот (проточен) систем на приклучување бара вградување на
проточна мешална батерија. Задолжително е вградувањето на неповртен вентил,
кои го спречува празнењето на котелот назад во водоводната мрежа, во случај на
редукција на вода. Поради ширењето на водата при греењето се зголемува волуменот,
што предизвикува појава на капки вода на одливната цевка на мешалната батерија.
Јакото затегнување на вентилот на мешалната батерија нема да ја спречи појавата на
капки вода, но може да предизвика расипување на мешалната батерија.
Затворениот систем на приклучување, на одземните места бара вградување на
мешална батерија за работа под притисок. На доводната цевка поради безбедност
на работењето задолжително треба да се вгради сигурносен вентил или сигурносна
група, која спречува повишување на притисокот во котелот за повеќе од 0,1 МРа над
номиналнjот. Одводниот отвор на безбедносниот вентил треба задолжително да има
излез за атмосферскиот притисок.
Поради ширењето на водата при греењето, во котелот се зголемува притисокот до
онаа граница која ја дозволува сигурносниот вентил. Бидејќи враќањето на водата
назад во водоводната мрежа е спречено, може да додје до појава на капки на вода
од одводниот отвор на сиггрносниот вентил. Капките вода можете да ги одведете во
одводот со помош на посебна инка која ќе ја наместите под сигурносниот вентил.
Одводната цевка наместена под испустот на сигурносниот вентил мора да биде
наместена во насока право надолу и во место каде што не замрзува. Во случај ако
поради несоодветно изведената инсталација немате можност водата што капи од
повратниот безбедносен вентил да ја спроведете во одводот, капењето можете да го
избегнете ако кај доводната цевка на грејачот вградите експанзионен сад со волумен
од 3 л.
За правилно работење на безбедносниот вентил треба самите периодично да вршите
контроли. При проверката треба со поместување на рачката или со одвртување на
матицата на вентилот (зависно од видот на вентилот) да го отворите истекувањето од
повратниот безбедносен вентил. При тоа, низ млазницата на вентилот за истекување
треба да протече вода, што е знак дека вентилот е беспрекорен.
MK
Ваш отзыв будет первым