Бесплатные инструкции на русском языке
  • Тип техники
  • Бренд

Просмотр инструкции варочной панели Electrolux EHG 30830 K, страница 17

Electrolux
ВАЖНО Уверете се дека притисокот на
доводот на гас на апаратот е во
согласност со препорачаните
вредности. Спојката што може да се
конвертира се прицврстува на
широката рампа со помош на навртка
со навој G 1/2". Завртете ги деловите и
стегнете се со тефлонска лента, ако е
потребно, за да ја постигнете правата
насока.
1
2
3
1 Крај на вратилото со навртка
2 Дихтунг
3 Зглоб (доколку е потребно)
Поврзување со флексибилни
неметални цевки
Ако можете лесно да го контролирате
поврзувањето во целото подрачје,
можете да користите флексибилна
цевка. Поприцврстете ја
флексибилната цевка со стеги.
Течен гас: употребете го гумениот
држач за цевка. Секогаш ставајте го
дихтунгот. Потоа поврзете го гасот.
Флексибилната цевка е погодна за
користење кога:
никаде
не доаѓа во допир со
температура поголема собната,
повисока од 30°C;
не е подолго од 1.500 mm;
нема затнувања;
не е изложено на истегнување или
усукување;
не доаѓа во допир со остри рабови
или агли;
може лесно да се прегледа за да се
утврди состојбата.
Контролата на состојбата на
флексибилното црево се состои
во
проверка на следниве работи:
да не е напукнато, расечено или
подгорено, како на краевите така и по
целата должина;
материјалот да не е стврднат, туку да
е соодветно еластичен;
стегите да не се 'рѓосани;
да не е поминат рокот на траење.
Ако забележите еден или повеќе
дефекти, не поправајте го
цревото, туку
заменете го.
ВАЖНО Кога ќе завршите со
инсталацијата, уверете се дека
дихтунгот на секоја спојка на цевката е
во ред. Употребете сапуница, а не
пламен!
Замена на дизните
1. Отстранете ги држачите за садови.
2. Отстранете ги капите и круните од
пламениците.
3. Одвртете ги дизните со клуч бр.7 и
заменете ги со други,
потребни за
типот на користениот гас
(погледнете ја табелата во
поглавјето Технички податоци).
4. Составете ги деловите, следејќи ја
истата постапка по обратен
редослед.
5. Заменете ја плочката со
карактеристики (блиску е до цревото
за довод на гас) со онаа од новиот
тип за довод на гас. Плочката ќе ја
најдете во пакувањето испорачано
со апаратот.
Ако притисокот на доводот на гасот е
променлив или се разликува од
потребниот притисок, прво мора да
монтирате соодветен регулатор на
цревото за довод на гас.
Прилагодување на минимално ниво
За регулирање на минималното ниво на
пламениците:
1. Запалете го пламеникот.
2. Свртете го копчето на минималната
положба.
electrolux 17
Ваш отзыв будет первым
Задайте вопрос
Ваше имя
E-mail
Вопрос*
Ваш вопрос будет опубликован после проверки
Ваш вопрос опубликован