Бесплатные инструкции на русском языке
  • Тип техники
  • Бренд

Просмотр инструкции садовой пилы Bosch AKE 35 S, страница 273

Bosch
Македонски | 273
Bosch Power Tools F 016 L81 139 | (16.10.14)
Оштрење на ланецот
Ланецот треба да го оштри професионално овластен Бош
сервисер, или наоштрете го сами со помош на прибор
препорачан за Вашиот ланец. Применувајте ги упатствата
за оштрење приложени со приборот.
Проверка на автоматското подмачкување
Правилното фунционирање на подмачкувањето
проверете го така што ќе ја насочите пилата додека работи
кон лист хартија или картон што се наоѓа на земја. Не
допирајте ја земјата со пилата, држете ја на безбедно
растојание од 20 цм. Ако на листот рамномерно прска
масло, автоматското подмачкување работи. Ако на листот
нема масло и покрај тоа што резерварот за масло е полн со
масло, види во поглавието «Отстранување грешки» или
обратете се во Бош сервисен центар.
После употреба/складирање
Исчистете го извалканото куќиште на пилата со мека четка
и чиста крпа. Не користете вода, разредувачи и полир
пасти. Отстранете го сето ѓубре, особено од отворите за
ладење на моторот.
1–3 часа по завршувањето на работата, тргнете ја
покривката 13, плочата 10 и ланецот 9 и исчистете ги
користејќи четка.
Исчистете под покривката 13, дискот 20 и плочата од
преостанатата валканштина. Исчистете го одводот за
масло 23 со чиста крпа.
Ако ја складирате пилата на подолг период, исчистете го
ланецот 9 и плочата 10.
Чувајте ја пилата на суво, безбедно м
есто вон дофат на
деца.
Не ставајте други предмети на пилата.
Внимавајте да ја поставите пилата со капачето за масло 4
нагоре.
Ако пилата ја чувате во оригиналното пакување,
резервоарот за масло мора потполно да се испразни.
Опрема
Чистење
Масло за ланец за пила, 1 литар . . . . . 2 607 000 181
Плоча со ланец
AKE 30/30 S . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . F 016 800 259
AKE 35/35 S . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . F 016 800 260
AKE 40/40 S . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . F 016 800 261
Ланец
AKE 30/30 S . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . F 016 800 256
AKE 35/35 S . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . F 016 800 257
AKE 40/40 S . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . F 016 800 258
Сервисна служба и совети при
користење
www.bosch-garden.com
При секоја кореспонденција и нарачка на резервни
делови, Ве молиме вклучете го десетцифрениот број што
се наоѓа на натписната плочка.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта
за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според Европската регулатива
2012/19/EU за електрични и
електронски уреди и нивна национална
употреба, електричните апарати што се
вон употреба мора одделно да се
собираат и да се рециклираат на
еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
OBJ_BUCH-2245-001.book Page 273 Thursday, October 16, 2014 11:51 AM
Ваш отзыв будет первым
Задайте вопрос
Ваше имя
E-mail
Вопрос*
Ваш вопрос будет опубликован после проверки
Ваш вопрос опубликован

Смотрите также другие инструкции раздела Садовые пилы