Бесплатные инструкции на русском языке
  • Тип техники
  • Бренд

Просмотр инструкции измерительного прибора Bosch PLR 25 0603016220, страница 91

Bosch
Македонски | 91
Bosch Power Tools 1 609 92A 0K0 | (13.6.14)
мерењето ќе се прикаже со сигнален тон. По завршување на мерењето,
ласерскиот зрак автоматски ќе се исклучи.
Доколку по околу 20 с. по визирањето не се изврши мерење, ласерскиот
зрак автоматски се исклучува заради заштита на батериите.
Бирање на референтно ниво (види слики AB)
За мерењето може да изберете две различни референтни нивоа:
задниот раб на мерниот уред (на пр. при поставување на ѕидови),
предниот раб на мерниот уред (напр. при мерење, почнувајќи од еден
раб на маса).
За промена на референтното ниво, притискајте го копчето 2, додека не се
прикаже саканото референтно ниво на екранот. По секое вклучување на
мерниот уред, задниот раб на мерниот уред е претходно поставен како
референтно ниво.
Мерни функции
Мерење на должини
За мерење на должини притискајте го копчето 6. На екранот се појавува
приказот за мерење на должини .
Притиснете еднаш на копчето Мерење 9 за
целење и одново за мерење.
Измерената вредност ќе се прикаже долу на
екранот.
Мерење на површини
За мерење на површините притиснете го копчето 5. На екранот се појавува
приказот за мерење на површини .
На крај, измерете ја должината и ширината едно по друго како кај мерењето
на должини. Помеѓу двете мерења, ласерскиот зрак останува вклучен.
По завршување на второто мерење површината
автоматски ќе се пресмета и прикаже.
Последната поединечна вредност стои долу на
екранот, а крајниот резултат горе.
Мерење на волумен
За мерење на волумен притиснете го копчето 10. На екранот се појавува
приказот за мерење на волумен .
На крај, измерете ја должината, ширината и висината едно по друго како кај
мерењето на должини. Помеѓу трите мерења, ласерскиот зрак останува
вклучен.
По завршување на третото мерење волуменот
автоматски ќе се пресмета и прикаже.
Последната поединечна вредност стои долу на
екранот, а крајниот резултат горе.
Мерење на времетраење (види слика C)
При континуираното мерење, мерниот уред може релативно да се движи
кон целта, при што измерената вредност ќе се ажурира на секои 0,5 с.
Напр. може да се оддалечите на некое растојание од ѕидот, а моменталното
растојание секогаш ќе биде читливо.
За континуирано мерење притиснете го копчето 12. На екранот се појавува
приказот за континуирано мерење .
OBJ_BUCH-1006-003.book Page 91 Friday, June 13, 2014 9:03 AM
Ваш отзыв будет первым
Задайте вопрос
Ваше имя
E-mail
Вопрос*
Ваш вопрос будет опубликован после проверки
Ваш вопрос опубликован

Смотрите также другие инструкции раздела Измерительные приборы