Бесплатные инструкции на русском языке
  • Тип техники
  • Бренд

Просмотр инструкции холодильника Electrolux ERB 40605 X, страница 73

Electrolux
Секоја седмица една лента ќе се изгасне
за да го покаже преостанатиот век на
патронот. По четири седмици, сите
четири ленти ќе се изгаснат. Тоа, заедно
со трепкавата стрелка, покажува дека
патронот треба да се смени.
Ставете нов патрон според упатството и
повторно активирајте го Memo како што
е опишано погоре.
START
%
100
75
50
25
Кога е прикажана само една лента,
треба само да проверите дали имате нов
филтер BRITA MAXTRA при рака.
ВАЖНО Memo е конструиран да се
користи само со патроните со филтри
BRITA.
BRITA Memo: електронскиот показател
за замена на патронот има век од околу
5 години. На крајот на векот на Memo, не
заборавајте дека тоа е електронски уред
што треба да се расходува согласно со
сите важечки правила и прописи.
За да го извадите потрошеното Memo,
ставете одвртка во жлебот до Memo и
извадете го притискајќи.
Имајте предвид дека Memo не смее да се
вади никогаш, освен за расходување.
Важни информации
Дупката за вентилот на фрижидерот
мора да е затворена со вентилот за
вода за време на редовното
функционирање на апаратот.
Користете само вода за пиење.
Користењето некој друг вид пијалак
може да остави талог, вкус или мирис
во резервоарот и на славината.
Може да се слушаат извесни звуци
предизвикани од воздухот што влегува
кога водата истекува од резервоарот.
Ако водата не истекува добро,
притиснете го лостот уште еднаш.
Држете ја чашата под славината уште
некое време, за да ја соберете целата
вода во чашата.
Не користете газирани пијалаци и
сокови. Пијалакот може да истече
поради притисокот на гасот.
Не заборавајте дека водата е храна.
Испијте ја филтрираната вода за еден
до два дена.
Ако апаратот за филтрирање BRITA не
се користи подолго време (на пр., кога
сте на одмор), препорачуваме да ја
фрлите преостанатата вода од
системот и да го оставите патронот во
резервоарот.
Пред повторно користење на
системот, извадете го патронот и
повторете ги чекорите 1 до 4 од
"Користење на филтерот BRITA
MAXTRA".
Апаратот за филтрирање вода BRITA
е конструиран за користење само со
комунална вода од чешма (напомена:
таа вода се контролира постојано и е
безбедна за пиење според правните
прописи) или со вода од приватни
извори што е испитана дека е
безбедна за пиење.
Ако властите издадат соопштение
дека водата од чешма треба да се
electrolux 73
Ваш отзыв будет первым
Задайте вопрос
Ваше имя
E-mail
Вопрос*
Ваш вопрос будет опубликован после проверки
Ваш вопрос опубликован