Бесплатные инструкции на русском языке
  • Тип техники
  • Бренд

Просмотр инструкции плиты Electrolux EKC 511502 W, страница 17

Electrolux
Ако на површината има пукнатина,
извлечете го кабелот од струја ѕа да
спречите струен удар.
Не оставајте садовите за готвење да
извријат до сушење за да не се
оштетат садовите и површината на
плочата.
Не користете ги ринглите со празни
садови или без нив.
Менувањето на бојата на емајлот не
влијае врз перформансите на
апаратот. Гаранцијата не се
обезважува.
Не притискајте ја вратата на апаратот.
Внатрешноста на апаратот се
вжештува за време на употребата.
Постои опасност од изгореници.
Користете ракавици кога ставате или
вадите додатоци и садови.
Секогаш стојте поназад од апаратот
кога ја отворате вратата додека се
готви (особено при готвењето со
пареа). Тогаш се ослободуваат пареа
и топлина.
За да спречите оштетување или
менување на бојата на емајлот:
не ставајте предмети директно на
дното на апаратот и не покривајте го
со алуминиумска фолија
не ставајте топла вода директно на
апаратот
не чувајте влажни садови и храна на
апаратот откако сте завршиле со
готвењето
Не користете го апаратот доколку е во
контакт со вода. Не ракувајте со
апаратот со водени раце.
Не чувајте влажни садови и храна во
апаратот откако сте завршиле со
готвењето бидејќи влагата може да го
оштети емајлот или да навлезе во
уредите.
Не ставајте и не чувајте многу
запаливи течности и материјали или
растопливи предмети (од пластика
или алуминиум) на апаратот или близу
до него.
Само огноотпорни додатоци може да
се ставаат во фиоката што се наоѓа
под печката. Не ставајте запаливи
предмети таму.
Секогаш внимавајте отворот за
проветрување на печката што се наоѓа
во средината на задниот дел од
плочата за готвење да е слободен за
да се овозможи вентилација на
внатрешноста на печката.
Одржување и чистење
Пред одржување, исклучете го
апаратот и извадете го приклучникот
за струја од штекерот. Проверете дали
апаратот е студен.
Одржувајте го апаратот чист.
Наталожените маснотии или други
остатоци од храна може да
предизвикаат пожар.
Редовното чистење спречува
намалување на квалитетот на
површинските материјали.
Чистете го апаратот само со топла
вода и сапуница. Остри предмети,
абразивни средства за чистење,
абразивни сунѓери и отстранувачи на
дамки може да го оштетат апаратот.
Не чистете го апаратот со
парочистачи или чистачи под висок
притисок.
Не чистете ја стаклената врата со
абразивни средства за чистење или со
метална гребалка. Огноотпорната
површина на внатрешното стакло
може да се скрши и распрска.
Внимавајте стаклените плочи да се
изладени пред да ги чистите. Инаку
стаклото може да се скрши.
Внимавајте кога ја вадите вратата од
апаратот. Вратата е тешка!
Кога стаклените плочи се оштетени,
ослабуваат и може да се скршат. Мора
да ги замените. За поопсежни
упатства, јавете се на сервисниот
центар.
Ако користите спреј за печки, следете
ги упатствата на производителот.
Никогаш не прскајте средства врз
филтерот за маснотии (ако го има), на
грејачите и на сензорот на
термостатот.
За време на чистењето со пиролиза
(ако го има), тврдокорната нечистотија
може да ја оштети бојата на
површината.
Не чистете го каталитичкиот емајл (ако
го има).
electrolux 17
Ваш отзыв будет первым
Задайте вопрос
Ваше имя
E-mail
Вопрос*
Ваш вопрос будет опубликован после проверки
Ваш вопрос опубликован