Бесплатные инструкции на русском языке
  • Тип техники
  • Бренд

Просмотр инструкции варочной панели Electrolux EHA 6046 FOK, страница 18

Electrolux
Никогаш не гаснете оган со вода, туку исклучете го
апаратот, а потоа покријте го пламенот, на пр. со капак или
специјално противпожарно ќебе.
Не чувајте предмети на површините за готвење.
Не користете чистач на пареа за чистење на уредот.
Металните предмети, како ножеви, виљушки, лажици и
капаци, не треба да се оставаат на површината за готвење
бидејќи може да станат жешки.
Ако стакло-керамичката површина е напукната, исклучете го
апаратот за да ја избегнете можноста од струен удар.
2.
ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
2.1 Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Апаратот мора да биде монтиран
само од квалификувано лице.
Извадете ја целата амбалажа.
Никогаш не монтирајте и не користете
оштетен апарат.
Следете ги инструкциите за монтирање
дадени со апаратот.
Одржувајте минимална оддалеченост од
другите апарати и делови.
Бидете внимателни кога го преместувате
апаратот затоа што е тежок. Секогаш
носете заштитни ракавици.
Залепете ги засечените површини со лепак
за да спречите влагата да предизвика
надигнување.
Заштитете го дното од апаратот од пареа и
влага.
Не го монтирајте апаратот во близина на
врата или под прозорец. На овој начин ќе
спречите некој жежок сад за готвење да
падне од апаратот кога вратата или
прозорецот се отворени.
Ако апаратот е монтиран над фиоки,
внимавајте просторот помеѓу дното од
апаратот и горната фиока да е доволен за
циркулација на воздух.
Дното на апаратот може да стане жежок.
Ви препорачуваме да монтирате
незапалива плоча за одделување под
апаратот за да спречите пристап до дното.
Поврзување со струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од пожар и струен удар.
Секое поврзување со струја треба да биде
направено од квалификуван електричар.
Пред поврзување на грејната плоча со
рерната и пред секое поврзување со струја
потрудете се главните терминали на двата
апарати да не бидат вклучени.
Проверете дали апаратот е правилно
монтиран. Лабави и несоодветни
приклучоци за струја и штекери можат да
го прегреат терминалот.
Проверете дали е монтирана заштитата од
струен удар.
Внимавајте каблите да не го допираат
апаратот или некој жежок сад за готвење
кога го поврзувате апаратот со блиските
штекери.
Не оставајте ги каблите да се заплеткаат.
Користете држач за прицврстување на
кабелот.
Користете правилен кабел.
Погрижете се да не го оштетите
приклучокот за струја и кабелот.
Контактирајте со сервисниот центар или со
електричар за да го смените оштетениот
кабел.
18
www.electrolux.com
Ваш отзыв будет первым
Задайте вопрос
Ваше имя
E-mail
Вопрос*
Ваш вопрос будет опубликован после проверки
Ваш вопрос опубликован